(ВИДЕО) Паника во Дубаи и Абу Даби: Бегајте во засолништа

Од:

Жителите на Дубаи и Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати се предупредени да се засолнат откако се појавија извештаи за потенцијални ирански ракетни напади, објави Скај њуз.

„Поради моменталната ситуација и потенцијалната закана од ракети, веднаш побарајте засолниште во најблиската безбедна зграда и држете се подалеку од прозорци, врати и отворени простори“, се вели во предупредувањето, кое беше испратено на мобилни телефони во Дубаи.

Министерството за внатрешни работи на ОАЕ, исто така, ги советуваше луѓето да „чекаат понатамошни инструкции“.

Персоналот на аеродромот во Абу Даби, исто така, наводно ги придружува луѓето внатре до засолништата.

Би можело да ве интересира

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Хамнеи: Басиџ нема да пропушти можност да им се спротивстави на непријателите на Иран

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили