Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила денескаво 11:15 часот по локално време (10:15 часот по средноевропско време), соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.
Израел доби список на заложници кои ќе бидат ослободени во недела попладне, а израелските безбедносни служби во моментов ги проверуваат „сите детали“, се вели во официјалното соопштение.
И израелската влада потврди дека семејствата на тројцата заложници кои ќе бидат ослободени се известени преку воени претставници.
Прекинот на огнот предизвика огромни прослави на улиците на Газа, каде Палестинците ја поздравија оваа историска можност за мир. Штом стана јасно дека прекинот на огнот стапил во сила, тие веднаш се упатија кон своите домови. Палестинците, буквално со спакувани работи го чекаат моментот на потврда на примирјето за да тргнат кон нивните домови.