ВИДЕО: Ова е новиот автомобил на Обама, сличен на тенк

Од:

Американската индустрија произведе службен автомобил за претседателот Барак Обама, кој според зборовите на припадник на тајните служби е вистинска „ѕверка“, поради тоа што најверојатно е најбезбеден во светот.

Претставници на „Џенерал моторс“ кои што го произвеле автомобилот велат дека станува збор за уникатен блиндиран „кадилак“, без да наведат повеќе детали иако кружат приказни дека возилот поседува максимални безбедносни карактеристики.

Како што ја опишуваат оваа „тврдина на тркала“, би можела да издржи и удар на астероид.

Најтенкиот дел од каросеријата изнесува 12,5, а најдебелите како што се вратата до 20 сантиметри.

Според некои наводи, претседателскиот автомобил е направен така за да може да издржи напад на атентатори, експлозија од нагазна мина, удари на противтенковски проектили. Експертите велат дека автомобилот е еднаков на бункер на тркала.

Во него претседателот има низа телекомуникациски уреди преку кои е поврзан со најодалечените краеви на светот, а во едно е потполно изолиран од околината бидејќи до него не допира никаков звук.

Ова се уште неколку карактеристики на автомобилот:

-може да се отвори само еден прозорец и тоа оној кај возачот, но не повеќе од 7 сантиметри

-доколку гумите се оштетат на кој било начин, возилото без проблем може да продолжи да се движи

-резервоарот нема да експлодира ни при директен судир

-кабианта е целосно заштитена од евентуален биохемиски напад

-има противпожарна опрема, резерви на кислород и резерви од крвната група на Обама

-под предните фарови има сокриена камера која има можност да снима во ноќ.

-во автомобилот има телефон кој е во директна врска со потпретседателот и Пентагон

-вратата на автомобилот се тешки исто како вратата на кабината на „боинг 757“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас