Археолози открија остатоци од град стар 1.200 години во планините на Камбоџа, пренесува Huffington Post. Градот Махендрапарвата е постар од Ангкор Вата околу 350 години и се наоѓа на 40 километри од тоа светилиште.
Археолозите веруваат дека новопронајдениот град е првиот град на царството Ангкор, а градот е откриен со инфраструктура – патишта, канали и камења за кои се верува дека се древни гробници.
Демијан Еванс, директорот на Истражувачкиот центар во Камбоџа вели дека целото подрачје е без вегетација.
-Според една теорија, сечењето на шумите, а потоа и недостатокот на вода воделе оваа цивилизација да пропадне. Можеби станале премногу успешни, но во тоа време не нашле начин истото да го одржат – смета Еванс.