ВИДЕО: Откажани се летовите од аеродромите во Иран

Од:

Летовите од сите ирански аеродроми се откажани од 21 часот вечерва до 6 часот по локално време, објавија денеска иранските државни медиуми, повикувајќи се на портпарол на Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран.

Летовите се откажани поради оперативни ограничувања, ја цитираат медиумите изјавата на портпаролот, кој не соопшти други детали, пренесе Ројтерс.

Иран во вторникот воведе рестрикции на летот бидејќи истрела проектили кон Израел, кој вети дека ќе возврати.

Веќе неколку месеци се зголемуваат стравувањата од иранска одмазда против Израел за атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, го нарече неодамнешниот ракетен напад врз Тел Авив „значајна ескалација“, бидејќи Израел вети дека ќе возврати веднаш по завршувањето на нападот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, рече дека Иран ќе „плати“ за проектилите истрелани врз неговата земја.

Иранскиот лидер ајатолахот Али Хамнеи ги бранеше акциите на неговата земја, велејќи дека Иран повторно ќе нападне доколку Израел одговори.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници