ВИДЕО: Откако минатата година Трамп го истурка, сега пријателски се поздрави со црногорскиот премиер

Од:

Новата средба на премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ и претседателот на САД, Доналд Трамп помина сосема поинаку од претходните.

Марковиќ и Трамп се сретнаа во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации и разменија неколку реченици.

На Твитер протилот на црногорската влада е објавено дека Марковиќ присуствувал на приемот за шефови на делегациите организиран од Трамп. На видеото се гледа како тие се смешкаат додека се ракуваат и како Трамп му ја става раката на рамо на Марковиќ.

Овој пат нивната средба е во поинакво светло од првиот пат кога се сретнаа на минатогодишнито самит на НАТО, каде што Трамп буквало го оттурна црногорскиот колега.

Трамп тогаш сакаше да застане до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но на патот му се „испречи“ Марковиќ.

Американскиот претседател исто така имаше изјава и дека Црногорците би можеле да започнат Трета светска војна, на што реагираа голем број на црногорски функционери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови