ВИДЕО: Осуден за силување пред 47 години, ДНК анализата докажа дека е невин

Од:

Маж од Њујорк по 47 години беше ослободен од сите обвиненија, откако со новото ДНК тестирање конечно беше отфрлено дека тој е извршител на силувањето во 1975 година. Тоа е најдолгата позната погрешна пресуда во историјата на САД која е поништена благодарение на доказите од ДНК.

ДНК-тестирањето идентификувало уште еден маж, кој во меѓувреме го признал силувањето. Леонард Мек (72) помина повеќе од седум години во затвор откако во 1976 година беше осуден за кривично дело што не го направил. „Никогаш не се откажав од надежта дека еден ден ќе се докаже дека сум невин“, рече Мек откако беше ослободен од сите обвиненија.

Во мај 1975 година, две тинејџерки си оделе дома од училиште во Гринбург, Њујорк, кога еден маж ги запрел и им вперил пиштол. Едната од девојките била силувана двапати, додека другата успеала да побегне и да повика за помош.

Полициската управа во Гринбург издаде налог полицајците да трагаат по црнец на возраст од 20 години. Набргу по нападот, полицијата го запрела Мек, кој случајно возел низ населбата. Иако Мек имал силно алиби и носел поинаква облека од осомничениот, полицијата сепак го уапсила.

Одделот за преиспитување на осудите на окружниот обвинител на округот Вестчестер, заедно со Проектот за невиност – непрофитна организација посветена на ослободување на погрешно осудените лица – спроведоа ново тестирање на ДНК во случаи на силување во 2022 година.

Откриено е дека вистинскиот сторител е човек кој бил осуден за кражба и силување во Квинс што се случиле неколку недели по првото злосторство. Човекот исто така беше осуден во 2004 година за кражба и сексуален напад на жена во округот Вестчестер.

„Оваа ослободителна пресуда потврдува дека погрешните пресуди не само што ги повредуваат погрешно осудените, туку не прават сите нас помалку безбедни“, рече окружната обвинителка Миријам Е Рока во изјавата, пофалувајќи ја „непоколебливата сила“ на Мек во неговата речиси 50-годишна битка да го расчисти своето име.

Погрешната идентификација на сведоците е водечка причина за погрешни пресуди, тврди проектот Невиност. Во овој случај, девојките го идентификувале Мек за време на неуспешен процес на полициска идентификација.

Сузан Фридман, адвокатка во Проектот за невиност, рече дека случајот има „многу обележја на погрешна осуда“. „Одлуката на државата да продолжи со гонење наместо повторно да ја отвори истрагата ја покажува моќта што расната пристрасност ја игра во системот на кривичната правда“, рече таа.

Мек, кој е ветеран од Виетнамската војна, живеел во Јужна Каролина. „Сега вистината излезе на виделина и конечно можам да дишам. Конечно сум слободен“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас