Делови од ракетата SpaceX Falcon 9 на Маск повторно неконтролирано влегоа во атмосферата на Земјата пред шест дена, предизвикувајќи спектакуларен светлосен феномен видлив низ Европа пред фрагментите да се урнат на земјата на неколку локации низ Полска.
Falcon 9 upper stage reentry over Poland
These do not in fact entirely burn up, which is becoming an issue given the launch cadence pic.twitter.com/n9oD1zQty7
— Chris Combs (iterative design enjoyer) (@DrChrisCombs) February 19, 2025
Отпадоците доаѓаат од втората фаза на ракетата Falcon 9, која беше лансирана на 1 февруари од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, носејќи нов сет на сателити Старлинк.
@SpaceX activities in Poland look like this.
Also, I think this is the first time someone has captured uncontrolled space debris hitting the surface.
Source: Elektro-hurt Aleksander Winter pic.twitter.com/COwpSE3lFm
— Jędrzej Kowalewski (@jj_kowalewski) February 20, 2025
Втората етапа на ракетата, не успеа да ја изврши планираната деорбита, што резултираше со нејзино неконтролирано повторно влегување во атмосферата над Полска помеѓу 4.46 и 4.48 часот по локално време.
Сведоци од Велиа Британија, Холандија, Германија, Данска и Полска изјавија дека виделе светли огнени топки кои полека се распаѓаат на небото, а многумина ја споделија снимката на социјалните мрежи.
На социјалната мрежа Х беше објавена и снимка од надзорна камера, на која изгледа се гледа моментот кога паднал дел од Falcon 9.
Во складиштето на Адам Боруцки во Коморники, во близина на Познањ, откриен е голем објект „како резервоар“ (димензии приближно 1,5 x 1 m). Втор идентичен контејнер е пронајден во шумата кај селото Вири, на околу 30 километри.
Дополнителни фрагменти се пронајдени во градовите Шливно и Самотули, северозападно од Познан.
Експертите ги идентификуваа објектите како композитни садови под притисок (COPV) од горната фаза на Фалкон 9, астрономот од Харвард, Џонатан Мекдауел, потврди дека пронајдениот сад „има правилна големина и форма за садовите COPV што се користат во горната фаза на Фалкон 9“.
Полските власти, вклучително и полицијата и пожарникарите, ги обезбедија локациите каде што беа пронајдени останките, додека Полската вселенска агенција (ПОЛСА) работеше со SpaceX за да го потврди потеклото на деловите и да ги планира следните чекори.
SpaceX потврди во официјалното соопштение дека втората фаза од ракетата од мисијата на 1 февруари повторно влезе во атмосферата над Европа и дека тие „тесно соработуваат со полската влада на операциите за обновување и чистење“.
Компанијата исто така нагласи дека „остатоците не содржат токсични материјали“, но ги советуваа граѓаните да не ги допираат пронајдените делови, туку да ги пријават на локалните власти или на официјалната линија за известување за вселенски отпад на SpaceX.
ПОЛСА предупреди дека дополнителни ракетни остатоци може да се распрснуваат во радиус од 100 километри, протегајќи се низ поголемиот дел од Полска.