Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Од:

Tурското Министерство за одбрана соопшти дека балистичка ракета испукана од Иран се движела кон турскиот воздушен простор пред да биде соборена.

Скај њуз објави дека воздушната одбрана на НАТО во источниот Медитеран ја соборила ракетата, која поминала низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор.

Нема жртви или повредени.

Министерството за одбрана во Анкара во соопштението изјави дека „иако Турција се залага за регионална стабилност и мир, таа е целосно способна да ја заштити својата територија и граѓаните, без оглед на изворот или потеклото на каква било закана“.

– Сите потребни чекори за одбрана на нашата територија и воздушен простор ќе бидат преземени решително и без двоумење. Повторуваме дека го задржуваме правото да одговориме на секој непријателски чин насочен против нашата земја. Ги повикуваме сите страни да се воздржат од дејствија што би можеле дополнително да го ескалираат конфликтот во регионот – соопшти турското министерство.

Во соопштението се додава дека „Турција ќе разговара со НАТО и другите сојузници по инцидентот“.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната