ВИДЕО: Огромна карпа се урна врз моторни чамци, петмина загинати

Од:

Најмалку пет лица загинаа, 20 се водат за исчезнати, а девет се тешко повредени кога карпа се урна врз моторни чамци под водопад во југоисточниот дел на Бразил.

Камениот блок ненадејно се одвоил од ѕидот на кањонот и се урнал врз неколку чамци, предизвикувајќи огромен бран над езерото Фурнас во регионот Капитолио, во државата Минас Жераис, соопштија локалните власти, пренесува Ројтерс.

Видеото кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога голем блок од камења се урна во водата, а во несреќата потона најмалку еден чамец.

Властите соопштија дека пожарникарите и нуркачите трагаат по 20 лица за кои се верува дека се исчезнати.

Потврдено е дека во таа несреќа се повредени најмалку 32 лица, а меѓу нив 23 лица се пренесени во Санта Каса де Капитолио со полесни повреди и веќе се пуштени од болница, наведува АП.

Езерото Фурнас, познато и како „Минасово море“, е популарна туристичка дестинација во област околу 420 километри северно од Сао Паоло.

Би можело да ве интересира

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он