(ВИДЕО) Одмаздата пристигна: Иранците првпат ја испалија својата моќна ракета – може да носи тон и пол експлозив

Од:

Утрово, Иран го започна 20-тиот бран одмазднички напади со ракети и беспилотни летала на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) против израелски воени цели и индустрии поврзани со режимот, објавува агенцијата „Мехр“.

За прв пат, Иран ја употреби балистичката ракета со среден дострел „Хајбер“, која може да носи тон и пол експлозив и има дострел од околу 1.500 километри.

Во меѓувреме, израелските медиуми објавија дека во Хаифа одекнале експлозии и дека ракетниот напад бил извршен пред да се огласат сирените.

Според соопштението на ИРГЦ, постојат планови за зголемување на операциите со ударни ракети против иранските воени цели и воената индустрија.

Според иранските медиуми, воздухопловната дивизија на ИРГК распоредила разни напредни ракетни системи вчера за време на најновиот бран на операцијата „Вистинско ветување III“.

Според информирани извори, ракетите „Емад“, „Гадр“ и „Хајбер Шекан“ биле лансирани кон Хаифа и Тел Авив.

Иран смета дека оваа ракета, именувана по историската Битка кај Хајбер во 7 век, е дел од новата генерација на својот ракетен арсенал.

Иранците тврдат дека има дострел од околу 1.450 километри, што значи дека може да достигне цели во Израел, како и низ целиот Блиски Исток, а е дизајнирана за стратешки напади и се покажала ефикасна во претходните ангажмани.

Оваа ракета може да носи конвенционални или евентуално неконвенционални боеви глави, што ја прави исклучително смртоносна, според иранската агенција.

„Хајбер“ користи модерна технологија за водење и има многу брза подготвеност за лансирање.

Дизајнирана е да погодува стратешки цели со висока прецизност, како што се клучна инфраструктура и воени бази длабоко во непријателска територија, според Мехр.

И „Хајбер Шехан 1“ и „Хајбер Шехан 2“ наводно се способни да ги пробијат современите системи за воздушна одбрана на Израел.

На почетокот на овој конфликт, на 13 јули, Иран се закани дека ќе ја употреби ракетата „Хајбар“ со предупредување дека „светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“.

Што ја разликува ракетата „Хајбер“:

-Носи конвенционална боева глава со поголем експлозивен ефект во споредба со претходните модели.
-Има подобрени системи за водење, вклучувајќи инерцијална навигација и GPS, кои ја зголемуваат точноста.
-Достигнува хиперсонични брзини (12 до 15 маха) при повторно влегување во атмосферата, околу 4 до 5 км/с, што го отежнува нејзиното пресретнување.

Би можело да ве интересира

Израел ги повика САД да продолжат со нападите врз Хутите во Јемен

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

Хутите извршија масовен воздушен напад врз Израел

Горан Наумовски

„Чистка“ во Тајната служба: Суспендирани се супервизори и агенти од понизок ранг

Се урна тунел во Лос Анџелес: Спасени се повеќе од 30 работници

Иран депортира над 300.000 авганистански мигранти под сомнение дека се израелски шпиони