(ВИДЕО) Одекнуваат експлозии во Техеран, суспендирани се сите летови на аеродромот „Имам Хомеини“

Од:

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети со долг дострел, објави израелското воено радио.

Министерот за одбрана Израел Кац рече дека нападот бил „превентивен“.

Израелските сили нападнаа десетици воени објекти низ Иран, вклучувајќи го и округот во Техеран каде што се сместени високи команданти на Иранската револуционерна гарда, според военото радио.

Израел прогласи вонредна состојба на национално ниво и го затвори својот воздушен простор, пренасочувајќи ги сите летови кон други земји, објавија израелските медиуми.

Повторно се слушнаа повеќе експлозии во и околу Техеран, потврдија иранските медиуми. Иранската државна телевизија, исто така, објави дополнителни моќни експлозии во различни делови од главниот град.

Иран ги суспендираше сите летови на аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран, објавија иранските државни медиуми.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Техеран ѝ се заканува на Европа: Земјите што ќе обезбедат бази за напади врз Иран ќе бидат цели

Багаеи: Лажни се извештаите дека Иран развива биолошко оружје

Трамп се соочува со тешка одлука

Американската воена операција против Иран достигна цена од над 44 милијарди евра

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје