(ВИДЕО) Обраќање на Трамп со закани кон Иран: нафтата скокна, берзите паднаа

Од:

Вооружените сили на Иран изјавија дека војната против САД и Израел ќе продолжи сè додека непријателот не биде целосно поразен, оспорувајќи ги тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот би можел да заврши во следните неколку недели.

Во соопштението објавено од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним, портпаролот на иранската војска предупреди против понатамошна ескалација. „Војната ќе продолжи сè додека непријателот не се предаде и не почувствува трајно каење“, рече тој.

Тој, исто така, додаде дека Иран би можел да изврши „поразорни, пошироки и помоќни напади“ против САД и Израел.

Изјавата доаѓа откако Трамп повтори во своето обраќање до нацијата синоќа дека конфликтот би можел да заврши во рок од две до три недели, но без јасно објаснување како тоа би се постигнало.

Тој најави континуирани напади и се закани дека ќе го „врати Иран во каменото доба“, дополнително поттикнувајќи загриженост за можна ескалација.

Војната меѓу САД, Израел и Иран трае од крајот на февруари и веќе сериозно го дестабилизира Блискиот Исток, со напади врз воени цели, инфраструктура и трговски бродови.

Ормутскиот теснец, клучен превозен пат за глобалните испораки на нафта, е особено тешко погоден, каде што нападите и заканите го доведоа сообраќајот до речиси застој, предизвикувајќи зголемување на цените на енергијата и дополнително дестабилизирање на пазарите.

Говорот на Доналд Трамп очигледно не успеа да ги смири глобалните нафтени пазари, кои остануваат претпазливи во врска со прекините на виталниот превозен пат низ Ормутскиот теснец, предизвикувајќи зголемување на цените на нафтата. Цената на барел референтна сурова нафта од типот Брент, која беше околу 100 долари пред говорот на претседателот, сега е зголемена за околу 4 проценти на 105,38 долари откако се колебаше за време на говорот.

Би можело да ве интересира

Десетици земји на состанок за отворање на Ормуз, но не и САД

ВИДЕО: Голем ракетен напад на Иран врз Израел

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Иран: Ормутскиот теснец отворен за бродови од повеќето земји

Ирански дрон ги погоди резервоарите за гориво на аеродромот во Кувајт