(ВИДЕО) Објавени првите снимки на руски авиони во Сирија

Од:

Француската ТФ1 објави снимка на руските авиони на аеродромот во Латакија. На неа се гледаат повеќе авиони паркирани покрај аеродромот и покриени со маскирано зелено платно.
Сирија во претходните денови доби нови борбени и извидувачки авиони од Русија за борба против Исламска држава, наведоа извори од сириската војска.

-Нашата авијација ја прими испораката на најмалку пет борбени авиони од Москва, како и извидувачки авион кој ни овозможува да ги лоцираме метите со голема прецизност, потврди висок сириски функционер во изјава за агенцијата АФП.

Истиот извор кажа дека авионите стигнале минатиот петок во воената база во сириската провинција Латакија, традиционалното упориште на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Вчера генералот на НАТО, Филип Бридлов кажа дека е загрижен поради јакнењето на руските сили во Сирија.
Бридлов рече дека Русија во Сирија испратила многу понапредно и пософистицирано оружје од она што е потребно за борба против Исламска држава, и дека е тоа со цел да го заштити претседателот Башар ал Асад.
-Станува збор за софистицирано противавионско оружје, рече Бридлов и наведе дека нема видено досега припадници на Исламска држава кои летаат со авиони за чие соборување се потребни такви ракети.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски