По вестите дека во Јоханесбург е брутално убиен уште еден државјанин на Србија, во медиумите се појави и снимка од ликвидацијата во која се истрелани 26 куршуми.
Маж за кого се смета дека е од српска националност е застрелан пред зградата во која живеел во Јоханесбург. Станува збор за 59 годинишен Србин кој е убиен во класична заседа.
Убијците избегаа од местото и по нив се трага. Во меѓувреме во медиуми во ЈАР се појави снимката од бруталната ликвидација на која се гледа како маскираните напаѓачи од автоматско оружје пукаат кон возилото во кое се наоѓа 59 годишниот Србин, кој излегува надвор и почнува да бега. Кон него почнува да трча еден од напаѓачите кој го стигнува и пука неколку куршуми.
Маскираниот напаѓач потоа се враќа во возилото и бегаат од местото на нападот, а по кратко време автомобилот е пронајден запален.
Ова е второ убиство на српски државјанин во Јужноафричката Република и се доведува во релација со војната на два завојавани српски кланови.