ВИДЕО: Објавена снимка од бегството на рускиот конвој од Лиман, целосно е уништен

Од:

Украинската војска објави снимка од воздух за која тврди дека покажува уништен конвој со руска војска и други возила како бега од источниот украински град Лиман.

На видеото се гледаат уништени возила и тела на руски војници, убиени во украинскиот напад.

Руското Министерство за одбрана вчера потврди дека руските сили се повлекле од тој стратешки важен град во регионот на Доњецк, а украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека Лиман е „целосно исчистен“ од руските сили.

Украинскиот гувернер на окупираната област Луганск, Серхи Хајдај, изјави дека ослободувањето на Лиман е „клучен фактор за претстојната деокупација на Луганск“.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков