Претседателот на САД, Барак Обама говорејќи за својот противкандидат Мит Ромни, рече „Обамајкер најдобро ја лечи Ромнезијата“
Тој гостуваше во ток шоуто на Џеј Лено, каде се шегуваше на своја и на сметката на Ромни.
Меѓу другото, Лено го праша Обама за лошиот настап на првата претседателска дебата, на што претседателот на САД му одговори дека дел од проблемот е во тоа што не може да седи со некој наспроти неги и да се расправа.
Американскиот претседател не го поштеди ниту милионерот Доналд Трамп, кој понуди пет милиони долари кој ќе ги донесе податоците од пасошот на Обама и од колеџот, алудирајќи дека тој не е роден на територијата на САД.