ВИДЕО: Новороденче извлечено од урнатините во Венецуела, бројот на исчезнати надминува 55 илјади

Од:

Новородено бебе е спасено од зграда што се урна во разорниот земјотрес во Венецуела, соопштија локалните власти. Бројот на лица кои се водат како исчезнати во земјата по земјотресот достигна повеќе од 55.000, објави веб-страница за исчезнати лица.

Бебето го пронајдоа спасувачи кои, со помош на членови на семејството, работеа на расчистување на урнатините, објави Би-Би-Си.

Венецуела беше погодена од два разорни земјотреси на 23 јуни, при што загинаа најмалку 920 лица, а 3.360 беа повредени.

Бројот на лица кои се водат како исчезнати по разорните земјотреси во Венецуела достигна повеќе од 55.000, соопшти веб-страница за исчезнати лица.

Страницата им овозможува на луѓето да споделуваат детали и последната позната локација на своите најблиски, со надеж дека ќе помогнат во напорите за пребарување и спасување.

Досега се пронајдени нешто помалку од 13.000 лица кои претходно беа пријавени како исчезнати.

Венецуелската влада соопшти дека 1.600 странски спасувачи пристигнале во земјата за да помогнат во потрагата по преживеани по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа најмалку 920 лица, а 3.360 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069

Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 4.829

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати

А1он

Се зголемува бројот на жртви од земјотресот во Венецуела

Горан Наумовски

Бројот на жртви во Венецуела надмина 3.300

Горан Наумовски

ВИДЕО: Земјотресите во Венецуела одзедоа речиси 3.000 животи, спасувачите ја завршуваат потрагата по преживеани