ВИДЕО: Нови израелски напади и многу мртви во Газа

Од:

Најмалку 29 Палестинци се убиени во нападите извршени од израелската армија во различни делови на Појасот Газа.

Израелските сили извршија напади врз бегалскиот камп Џабалија и градот Газа на север, Кан Јунис на југ и бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Според информациите добиени од медицински извори во болницата „Кемал Адван“, четворица Палестинци биле убиени во напад на куќа во населбата Ал Фалуџа во Џабалија, а тројца во напад на куќата на семејството Ед-Дахдух во Аз- Зејтун во градот Газа.

Како што јави палестинската новинска агенција ВАФА, десет лица загинаа во напад на куќа во која беа сместени раселените Палестинци во регионот Бени Сухејла во Кан Јунис, а седум во Ал-Фухари.

Петмина Палестинци загинаа во напад на куќа на запад од бегалскиот камп Нусејрат.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците