(ВИДЕО) Нова руска воздушна офанзива врз Киев: Има повредени, активирани сирените за опасност

Од:

Најмалку три лица се повредени во руски напад со дронови врз Киев во текот на ноќта, соопшти украинската Државна служба за вонредни ситуации.

Во нападот се погодени неколку делови од градот. Во областа Оболонски избувна пожар во станбена зграда со 12 ката, при што пламенот зафати дел од вториот до петтиот кат. Пожарот е локализиран на површина од околу 80 квадратни метри, а тројцата повредени добија медицинска помош.

Во областа Подилски е погоден нестамбен објект, каде што гаснењето на пожарот продолжува. Надлежните служби се на терен и ги утврдуваат сите последици од нападот.

По новите напади, во Киев и во повеќе украински региони се активирани сирените за воздушна опасност. Предупредување има и во делови од Киевската, Черниговската, Сумската, Харковската, Дњепропетровската и Миколаевската област.

Во текот на претходниот ден Киев исто така беше цел на руски напади, при што беа повредени осум лица, а три завршија во болница.

Би можело да ве интересира

Хакери тврдат дека во војната во Украина загинале до 450.000 лица поврзани со руската војска

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“