ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Од:

Ггадоначалникот на Харков, Игор Терехов, известил за два ноќни напади на Русија на тој град. Во вториот од двата напада, уништен е ресторан, а скршени се прозорците на блиската зграда, додека 12-годишно момче загина кога руските сили го гранатираа градот Борова, југоисточно од Харков, објави Ројтерс.

Терехов на Телеграм изјави дека во првиот напад синоќа нема повредени.

Русија можеби користела нов тип на наведувана бомба во воздушните напади на Харков, соопштија локалните власти.

Тие додадоа дека четири деца, вклучително и едно тримесечно бебе, се меѓу 19-те лица ранети во Харков во последните напади, од кои некои предизвикаа прекини на електричната енергија, вклучително и во Харков.

Полицијата ја опколи петкатницата која беше погодена, искршени се стаклата, а балконите се тешко оштетени.

На местото на настанот, маж со преврзана глава ги пребарал урнатините на оштетениот стан во потрага по две мачки, кои на крајот ги пронашол живи, јавува Ројтерс, додавајќи дека во близина на влезот на зградата лежело тело покриено со јакна.

Харков и околината беа често напаѓани со проектили и беспилотни летала за време на повеќе од две години војна, но употребата на наведувани бомби со голем калибар не беше вообичаена.

„Рускиот терор врз градот станува се погрозоморен“, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Х“ и ги повика сојузниците на Украина да и снабдат на неговата земја повеќе воздушна одбрана и борбени авиони.

„Нема рационално објаснување зошто „Патриотите“ (проектили), кои ги има во изобилство ширум светот, сè уште не го покриваат небото на Харков и другите градови и заедници нападнати од руски терористи“, напиша Зеленски.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков