ВИДЕО: Нов ракетен напад врз американската амбасада во Ирак

Од:

Најмалку две ракети вечерва паднале во кругот на високообезбедуваниот комплекс во кој се наоѓа американската амбасада во Багдад, а ова е третиот сличен напад во последните седум дена.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат столбови од густ црн чад кои се издигаат од таканаречената „зелена зона“, непосредно по нападот.

Според американски извори, во нападот нема повредени. Една ракета го погодила штабот на Ирачката национална служба за безбедност, кој се наоѓа во близина на американското дипломатско претставништво, оштетувајќи неколку автомобили, јави агенцијата АФП.

Ова е третиот напад врз западни дипломатски, воени или економски цели низ Ирак, по неколку месеци релативен мир. Американскиот комплекс во Багдад последен пат беше цел на ракетен напад на крајот на декември.

Би можело да ве интересира

Американска Амбасада: Носителите на визи да ги следат американските закони и правила

Американска aмбасада: Правилно користете ја визата за престој во САД, не постои „ненамерна грешка“

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Се огласија сирените за воздушен напад во Израел

Горан Наумовски

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад