(ВИДЕО) Нов напад на рускиот град Белгород, дрон падна на улица

Од:

Русија денеска објави дека одбила обид за упад на проукраинските милитанти долж нејзината граница со Украина и дека гранатирањето предизвикало делумна евакуација на цивилите од областа. Пред очекуваната украинска контраофанзива во повеќе од 15-месечната војна, Русија беше цел на напади во последните денови, вклучително и прекуграничен упад и напад со беспилотно летало врз Москва.

Минатата недела проукраинските сили накратко зазедоа населби во руската област Белгород на границата со Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска одби три прекугранични напади во близина на градот Шебекин и ја обвини Украина дека користи „терористички формации“ за обид за напади врз руски цивили.

Украина тврди дека упадите во Белгород немаат никаква врска со нејзината војска и дека ги вршат руски доброволци. „Три напади на украински терористички формации беа одбиени со несебичните акции на руските војници“, соопшти руското Министерство.

Министерството наведува дека единиците на руската армија, граничарите и единиците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) го одбиле првиот напад околу три часот по полноќ кога две единици со возила и тенкови се обиделе да ја преминат границата кај Новаја Таволжанка и Шебекин.

Повеќе од 30 украински борци се убиени, а четири оклопни возила се уништени, соопшти руското министерство. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди извештаите од бојното поле од ниту една страна. Кремљ објави дека претседателот Владимир Путин редовно бил информиран за ситуацијата и истакна дека западните сили се воздржале да го осудат нападот на руска територија.

Гувернерот на рускиот пограничен регион Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека нападот со дрон е одговорен за експлозиите во главниот град на регионот. „Непозната направа експлодираше во Белгород. Според прелиминарните податоци, беспилотно летало паднало на патот“, изјави Гладков на Телеграм, а пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека двајца мажи се полесно повредени, а еден автомобил е оштетен. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат облак од чад во центарот на градот. Едно видео покажува скршени прозорци на блиската зграда.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли