(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца

Од:

Најмалку девет лица загинаа во израелски напад врз Кан Јунис на југот на Појасот Газа, меѓу кои и новинарот Ислам Макдад, додека едно дете е убиено во градот Газа, јави Ал Џезира.

Меѓу убиените во Кан Јунис е и едно дете кое било сместено во шатори за раселените Палестинци во Ал-Маваси, западно од Кан Јунис.

Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од обновувањето на израелските напади на 18 март, предупреди УНИЦЕФ.

Од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, според УНИЦЕФ, убиени се 15.000 деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел уништи цели села на југот на Либан

Напредок на преговорите во Исламабад, Иран ги обвини американските медиуми за поттикнување тероризам

Ништо не е завршено: Иран има илјадници ракети и капацитет да го обнови својот арсенал

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран

Од почетокот на војната во Газа, убиени се 262 новинари