На социјалните медиуми во САД илјадници коментари и прашања за светлечкиот објект кој се појави над небото во Калифорнија-дали се работи за метеор, тест на американската војска или пак за посета на вонземјани?
Морнарицата на САД потврди дека во времето на појавата на мистериозниот “метеор”, бил закажан тест за балистичка ракета. Од морнарицата посочија дека не се даваат предупредувања за нивните активности кога и каде ќе ги изведуваат.
Во тоа време имало пренасочување на ноќните летови од аеродромот во Лос Анџелес, вториот најпрометен аеродром во САД-поради “неодредени активности во воздушниот простор“.
И покрај ова објаснување, многумина на социјалните мрежи коментираат дека се работи за НЛО, а не за објект на американската восјка, посебно што на небото можеле да се забележат повеќе светлечки објекти.