ВИДЕО: По улици се слави победата на Бајден во САД, Трамп заминал да игра голф

Од:

Изборот на Џо Бајден за претседател на САД предизвика еуфорија низ повеќе градови во државата. Илјадници луѓе излегоа низ улиците на големите градови во Америка како Њујорк, Филаделфија и Вашингтон за да го поздрават изборот на новиот претседател. Со транспаренти за поддршка на Бајден, но и против досегашниот претседател Доналд Трамп се прославува победата на кандидатот на демократите.

По пет дена неизвесност, американските медиуми го проектираат Џо Бајден како победник на претседателските избори во Америка. Заедно со него е избрана и Камала Харис, првата жена потпретседател на САД.

Откако пристигнаа резултатите од Пенсилванија, која носи 20 избирачки гласови, медиумите го прогласија демократскиот кандидат за победник.

Бајден вчера го сврте резултатот во две клучни држави. Тој го стори тоа најпрво во Џорџија, а потоа и во Пенсилванија, што е уште позначајно затоа што оваа сојузна држава носи дури 20 избирачки гласови.

Се уште актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, се уште не му се јавил на Џо Бајден за да му ја честита победата, како што е обичај по објавувањето на резултатите од изборите, јавува Си-Ен-Ен.

На социјалните мрежи веќе се појавија фотографии и видеа од Трамп, како по објавувањето на резултатите, заминал да игра голф.

Би можело да ве интересира

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Зеленски остро го критикува Бајден, го обвинува дека не испратил помош на време за Киев

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва