(ВИДЕО) Нигерија: Непозната вооружена група ослободи 340 деца што ги грабна од училиште

Од:

Над 340 ученици кои непознати вооружени лица ги киднапираа пред неколку дена од училиште со интернат во северна Нигерија, денеска им биле предадени на владините безбедносни сили, потврди гувернерот на сојузната држава Кацина.

Гувернерот Амину Бело Масари, во интервју за државниот ТВ канал „НТА“, изјави дека се ослободени вкупно 344 момчиња, кои биле грабнати откако во нивното училиште и интернат пред неколку дена упаднале вооружени милитанти.

Децата, на возраст од 11 до 17 години, биле држени во шума во соседната држава Замфара.

-Најдовме поголем дел од момчињата, но не се сите, рече тој. Медиумите претходно пишуваа дека во инцидентот биле грабнати околу 400 ученици.

Гувернерот Масари рече и дека информациите оти за киднапирањето се одговорни припадници на радикалната исламистичка група Боко Харам или поврзани милитанти, треба да се земат со резерва, затоа што групата не била активна во тој дел од Нигерија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши

Во математика, од 58 држави, нашите ученици се на 44 место, во природни науки сме три места подолу

Горан Наумовски

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Директорот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски ги уценува родителите на затруените деца

Горан Наумовски