Ученици од Крива Паланка собираат донации за семејствата на настраданите и повредените во Кочани

Од:

Средношколците од училишната заедница на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, Крива Паланка, утрово поставија кутии за донации за помош на семејствата на настраданите и повредените од трагедијата во Кочани.

Десетина ученици од различни наставни години од денеска до недела, во период од 7.30 до 19 часот ќе бидат на пунктот на плоштадот „Карпошово востание“ пред зградата на Општина Крива Паланка, во знак на сочувство и солидарност со сите погодени од оваа трагедија.

– Ние сме длабоко трогнати од она што се случи, тоа беа наши врсници, млади луѓе со соништа и визии за иднината кои неповратно се изгубија за миг. По неколкуте денови од трагедијата во кои излегувавме во вeчерните часови на мирни собири и палевме свеќи, одлучивме да продолжиме со оваа акција за донации насловена „Денови на солидарност“. Ќе се менуваме по редоследот на училишните смени и овде ќе бидеме вечер до 19 часот, но и утре и задутре, рече Невена Стефановска, ученичка во втора година, медицинска струка , СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.

Младите се емпатични и тажни. Со своите акции, рекоа, само изнаоѓаат начин, да бидат ангажирани за да не ги обзема поголема тага, зашто , како што велат, секој од нив деновиве живее со онаа порака што одекна на мирните собири „Денес тие-утре ние“.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

ПИСА 2025: Македонските ученици под просекот на ОЕЦД во математика, читање и наука

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

За 238 илјади ученици денеска почнува новата учебна година