(ВИДЕО) Нетанјаху прогласи вонредна состојба поради шумските пожари во близина на Ерусалим

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи вонредна состојба поради пожарите што избувнаа во близина на Ерусалим, предупредувајќи дека тие би можеле да го достигнат градот, објавија израелските медиуми.

Тој во видео изјава нагласи дека приоритет во моментов е одбраната на Ерусалим, додавајќи дека илјадници луѓе се евакуирани.

Како што објави „Тајмс оф Израел“, прославите за Денот на независноста низ целата земја се откажани. Претставник на противпожарната служба изјави дека ова би можеле да бидат најголемите шумски пожари во поновата историја на Израел.

Возачите беа принудени да ги напуштат своите возила откако пожар го зафати Автопатот 1.

Полицијата го затвори главниот автопат помеѓу Ерусалим и Тел Авив и ги замоли граѓаните да не доаѓаат во таа област.

Помош за гаснење на пожарите пристигнува од странство, а Франција ќе испрати специјален авион за гаснење пожари, соопшти канцеларијата на израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, го информираше Сар дека Мадрид ќе испрати и два авиона за гаснење на пожарите.

Романија, Хрватска и Италија, исто така, ветија помош во форма на испраќање авиони.

Најмалку 12 лица, меѓу кои и две бебиња, се полесно повредени и хоспитализирани откако избувнаа пожари во ридовите во близина на Ерусалим, соопштија службите за итни случаи. Додадено е дека повеќето пациенти се хоспитализирани поради ефектите од вдишување чад, а на уште 10 лица им е потребна медицинска помош на местото на настанот.

Израелската противпожарна и спасувачка служба соопшти дека имало најмалку пет пожари во Ерусалимските ридови и дека неколку заедници биле евакуирани, додека еден пат бил затворен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израелец нападна француска калуѓерка во Ерусалим

Горан Наумовски

Иран испрати нова понуда до САД, цените на нафтата паднаа

ВИДЕО: Израел повторно го крши меѓународното право, обвини шпанскиот премиер Санчез

ВИДЕО: Израелската морнарица ги пресретнува бродовите од хуманитарната флотила за Газа

Најмалку пет лица загинаа во израелски напад врз Либан

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски