Големо количество снег падна во одредени делови на Јужноафриканската Република, додека Европа се дави во поплави предизвикани од циклонот Борис.
Јоханесбург и околните градови беа целосно блокирани откако во овој дел од светот падна снег и создаде покривка висока два метри, јавуваат светските медиуми.
Метеоролошката служба на Јужна Африка издаде повеќе предупредувања за сабота, истакнувајќи ја можноста за снег, силен дожд и силен ветер низ неколку провинции. Заедниците може да се соочат со изолација, прекин на услугата и опасни услови за возење поради овие екстремни временски настани. Населението се препорачува да остане на штрек и да се подготви за евентуални прекини, пренесува news24. Предупредувањето за снег синоќа беше на ниво 6, но од утрово е подигнато на ниво 8.
Free State – #SNOW Harrismith pic.twitter.com/qjnRgBYJsz
— TrafficSA (@TrafficSA) September 21, 2024
Многу луѓе беа прилично изненадени од обилните снежни врнежи, а iol.co.za ги пренесува признанијата на оние кои поради тоа останале заглавени во снегот.
Шантал Пилај (46) со сопругот, 71-годишната мајка и трите деца на возраст од 19, 16 и 13 години се враќала од Јоханесбург во својот дом во долината Чејс, Питермарицбург.
„Во петокот тргнавме од Јоханесбург во 16.30 часот. Пристигнавме во Харизмит околу 19.30 часот и дури тогаш дознавме дека целата N3 е затворена поради снег“, рече Пилај.
URGENT TRAFFIC UPDATE⛔ https://t.co/mVil5Vmr2Y #ArriveAlive #Snow @KZNTransport @N3Route @Dotransport @TrafficRTMC @SAPoliceService
Due to heavy snowfall, ice, and rain, multiple roads in KwaZulu-Natal are closed or experiencing slow traffic.
ROAD CLOSURES:
– R74 (Harrismith… pic.twitter.com/xUmSWHDsDm
— Arrive Alive (@_ArriveAlive) September 21, 2024
Пилај додаде дека немаат што да прават освен да останат во возилото.
„Нашиот последен оброк беше во 18:30 часот. Немаме храна или вода. Беше ужасно студено. Ова беше многу тешка и застрашувачка ситуација. Беше толку темно околу нас, а наизменично се обидовме да останеме будни. И покрај околностите, се обидуваме да бидеме позитивни и се надеваме дека наскоро ќе добиеме помош“, заклучи Пилај.
Присила Наиду, патувајќи со својата 75-годишна мајка и 33-годишната ќерка, останала заробена на патот.
„Патуваме за Дурбан за да го посетиме семејството. Излеговме од Јоханесбург во 14.30 часот во петокот и сме заглавени во сообраќајот од 18 часот“, рече Наиду.
Наидо додаде дека нивниот последен оброк бил ручекот во петокот.
„Имаме малку вода и неколку грицки. Имаме гориво и само едно ќебе. Исклучително е студено. Снегот е толку многу што не можеме да ги отвориме ни вратите од автомобилот. Едвај спиевме синоќа бидејќи бевме исплашени. Исто така, се молев патиштата да се исчистат до утрото за да можеме да го продолжиме патувањето“, рече Наидо.
Еден човек од Верулам, кој сакаше да остане анонимен, рече дека тој и неговата група Рамбаџан биле заглавени во Курис Пост.
“Се исклучивме од автопатот N3 бидејќи патиштата беа лоши и не можевме да продолжиме. На пат сме за Ленасија со нашата група Рамбаџан. Имавме план за свирка. Јас сум во џип. Моментално се обидуваме да најдеме нова рута до нашата дестинација, мислам да возиме по R103, во автомобилот е топло, но надвор е околу 5 степени.
Прем Балрам, раководител на Јужноафриканската единица за реакција, рече дека од 4 часот наутро примиле голем број повици од заглавени возачи:
„Повикувачите беа загрижени за благосостојбата на старите лица и децата кои се без пристап до храна, вода и лекови околу 12 часа, на екстремно ниски температури. Нашиот хеликоптер не може да стигне до семејствата бидејќи е приземјен поради обилните снежни врнежи , магла, дожд и слаба видливост на трасата“, рече тој.
Free State / KZN – R74 Route: Rescue teams evacuating trapped motorists and bus passengers between Harrismith and Bergville #OliviershoekPass pic.twitter.com/IyApBY6qI6
— TrafficSA (@TrafficSA) September 21, 2024
Во соопштението на Министерството за кооперативно управување и традиционални работи (Когта) во КваЗулу-Натал се вели дека Провинцискиот центар за управување со катастрофи ги координирал мултисекторските интервенции за да обезбеди помош и да го олесни расчистувањето на патиштата кога е потребно.
Тие рекоа дека тешките временски услови доведоа до затворање на N3 помеѓу Харисмит и Тугел Тул, како и R617 меѓу Кокштад и Андерберг.
Тие ги повикаа жителите кои планираат да патуваат да ги одложат своите планови поради сегашните опасни услови:
За оние кои се веќе на пат, ве молиме бидете исклучително внимателни и возете побавно, бидејќи патиштата станаа опасно лизгави. Тимовите за управување со катастрофи прават напори да стигнат до заглавените возачи и да ја пружат потребната помош.