ВИДЕО: Немири во Џакарта по изборната победа на индонезискиот претседател Видодо

Од:

Во некои делови на Џакарта избувнаа немири откако изборната комисија на Индонезија потврди дека претседателот Џоко Видодо победи на изборите одржани минатиот месец, изјави гувернерот на индонезискиот главен град Ањес Басведан.

Приврзаниците на поразениот претседателски кандидат Прабово Субијанто се судрија со безбедносните сили во главниот град на Индонезија, палејќи возила и фрлајќи камења врз полицијата, која одговорила со солзавец и гумени куршуми.

Речиси 60 лица се уапсени, а според локалните медиуми има и „неколку смртни случаи и десетина повредени луѓе“. Гувернерот на Џакарта, кој го поддржува Субијанто, изјави дека има „шест смртни случаи“, но нема официјална потврда.

Индонезиската изборна комисија соопшти дека претседателот Џоко Видодо освои втор мандат со 55,5 отсто од гласовите на изборите одржани на 17 април.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници