Вчера вечер во Брисел избија немири. Полицијата извршила рација. При рацијата полицијата трагала по сомнителни млади лица, а неколкумина биле приведени.
🚨🚨Bruxelles en feu pic.twitter.com/oFkd0g7ouB
— Pfut2Caleçon 🫀🔴 (@pfut2calecon) June 29, 2023
Повеќето од приведените се ослободени по проверка на нивните документи.
За време на немирите беа запалени неколку автомобили, а како што изјави за новинарите портпаролката на полицијата Илсе Ван Де Кеир, во текот на денот на социјалните мрежи кружеа повици да се излезе на улица „како во Франција“.
❗️ [ 🇧🇪 BELGIQUE ]
🔸 La colère passe les frontières françaises et touche la Belgique. Suite à la mort de Nahel, des appels ont été lancés à Bruxelles et la situation a rapidement dégénéré. Plus d'une dizaine de personnes ont été arrêtées. La STIB annonce que le trafic des bus… pic.twitter.com/amBpBMM5HY
— (Little) Think Tank (@L_ThinkTank) June 29, 2023
Метро станицата Анисен е затворена поради граѓански немири поврзани со полициското убиство на 17-годишник во Франција.
Противпожарната бригада во Брисел ја опиша ситуацијата како „екстремно напната“.
Во Брисел моментално се одржува дводневен самит на шефови на држави и влади на ЕУ посветен на ситуацијата во Украина и миграциските прашања.