ВИДЕО: Нема загинати во земјотресот во Индонезија, оштетени околу 350 куќи

Од:

Речиси 350 куќи се оштетени во вчерашниот земјотрес со јачина од 7,4 степени во Индонезија, јави ДПА, повикувајќи се на портпарол на Националната агенција за управување со катастрофи.

Седум лица се повредени, но нема загинати, изјави портпаролот Абдул Мухари. Помош од владата за сместување по земјотресот, регистриран на околу 100 километри од градот Маумере во источниот дел на земјата, побарале 770 луѓе.

Земјотресот го погоди островот Флорес, а два часа подоцна беше издадено предупредување за цунами.

Архипелагот сe уште го памети земјотресот од 26 декември 2004 година со јачина од 9,1 степени во близина на Суматра, кој предизвика големо цунами. Во тоа време, 220.000 луѓе загинаа во регионот, од кои речиси 170.000 во Индонезија. Повеќе од 550 луѓе загинаа во 2018 година од силен земјотрес што ги потресе островите Ломбок и Сумбава. Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Сулавеси таа година, при што загинаа најмалку 4.300 луѓе. Стотина луѓе загинаа во јануари во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер на островот Сулавеси, кој уништи многу згради во крајбрежниот град Мамузу.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници