ВИДЕО: Неколку неразјаснети мистерии

Од:

Голем број неразјаснети настани се случиле во тек на истријата на човековата цивилизација. Наспроти денешната технологија, многу мистерии останаа нерешени, а експертите и науката немаат одговор за нив. Историјата изобилува со нерешени мистерии од кои некои се повеќе од застрашувачки и предизвикуваат големо внимание кај обичниот свет, но и кај научниците.

Сибирска експлозија: Оган од вселената

Над Сибир во 1908 година се случила страшна експлозија, околу илјада пати посилна од онаа на Хирошима и во која се уништени околу 60 милиони стебла на површина од околу 2.100 квадратни километри. Очевидците велат дека околу седум часот утрото на небото над средишниот дел на Сибир, забележале сјајна огнена топка, како со силна бучава лета во правецот кон северозапад.

Наредните денови небото во тек на ноќите во Азија и Европа било толку осветлено што луѓето во Лондон покрај него можеле да читаат весници. Првата експедиција која на местото на настанот била испратена дури 19 години подоцна, не пронашла никаков кратер. Сега руски експерти тврдат дека го пронашле местото на кое удрил дел од мистериозното тело и дека резултатите покажале дека станува збор за комета.

Богатството на Севсо: Грабеж на римски чинии

Можеби е најдраматичен грабежот на антиквитетите на богатството на Севсо, колекција од 14 парчиња римски посребрени садови од четвртиот и петиот век на кое право имале Либан, Унгарија и Југославија.

На една од четирите големи чинии, од кои секоја има повеќе од шест килограми чисто сребро, на латински е изгравирано: „Нека овие садови за Севсо достојно им служат на твоите потомци“.

Како што се наведува Севсо, најверојатно бил римски генерал и колекцијата го добила името според него.

Јожеф Шумег млад работник во каменолом, случајно го ископал среброто кај езерото Балатон во 1978 година. Тој две години подоцна бил пронајден обесен во шума, а богатството исчезнало. Денес тоа е сопственост на англиски маркиз од Нортемптон, кој го купил во осумдесетитте години во Сотбиј, со лажни либански документи.

„Ш Оуранг Медан“: Проколнатиот брод

Во февруари 1948 година, товарниот брод „Ш Оуранг Медан“ испратил повик за помош до неколку бродови во близина на Малезија, со пораката „Сите офицери, меѓу кои и капетанот се мртви. Можно е целиот екипаж да е мртов“. По оваа порака следел и Морзеовиот код и пораката „Умирам“.

Кога до бродот дошол првиот спасувачки брод, целиот екипаж бил мртов. На телата на жртвите немало видливи повреди па се претпоставува дека штетни гасови од морското дно ја предизвикале несреќата, бидејќи бродот експлодирал пред да го извлечат на пристаништето.

Фелисија Феликс Ментор: Враќањето на чудовиште

Фелсија Феликс- Ментор починала во 1907 на дваесет и деветгодишна возраст од изненадна болест, односно онаа за кои жителите на Хаити веруваат дека човекот го претвора во чудовиште.

Во 1936 година на била пронајдена жена како талкала низ улиците се додека не пронашла пат до фарма, за која тврдела дека припаѓала на нејзиниот татко. Нејзиниот сопруг вдовец ја препознал иако изгледала застрашувачки без веѓи и трепки, боса и во крпи. Таа била сместена на психијатрија, а лекарите велат дека често за себе зборувала во трето лице и мислела дека е 1906 година. Лекарите биле убедени дека станува збор за некое друго лице, додека роднините упорно го негирале тоа.

Стапки на ѓавол: Пеколен копитар

Во округот Девон во Англија во 1855 година, на снег биле забележани траги од копито со ширина од 3,80 до 6,35 сантиметри, кои меѓусебе биле разделени 20 сантиметри. Стапките биле видливи во должина од 160 километри.

На мистериозниот шетач не му претставувале проблем, куќите, реките, стоговите со сено и останатите пречки, преку кои само поминал, за што сведочат истите стапки кои биле забележани на снежните кровови на куќите, шталите и високите ѕидови.

Исто така трагите биле видливи и низ одводните цевки, а шетачот никогаш не бил пронајден. Интересно е што на 12-ти март 2009 година долж Девон се забележани стапки, исти како оние од 1855 година.

Духот на Фреди Џексон: Скокнал од погреб

Застрашувачката фотографија која што во 1919 година ја направил Виктор Годард, поранешен офицер во британските кралски воздушни сили, за прв пат е објавена во 1975 година.

На фотографијата позира ескадрилата на Годар која војувала во Првата светска војна.

На врвот на фотографијата зад последниот ред од војнците, се гледа лице кои членовите на ескадрилата го идентификувале како нивниот починат член Фреди Џексон. Инаку тој бил механичар кој два дена пред тоа загинал во авионска несреќа, а чиј што погреб бил одржан на истиот ден кога настанала оваа фотографија.

Смрт во преминот Дијатлов: Застрашувачки Урал

Во снег во близина на уралската Планина на смрт, во 1959 година, загинале девет студенти. Зошто тие голи и боси го напуштиле својот камп и излегле на студ од минус 30 степени, се уште не е познато. Водач бил искусниот планинар, 23 годишниот Игор Дијатлов чие што тело било пронајдено заедно со другите, во завеаната шума. Петмина од нив полуголи и боси биле расфрлани по снегот, додека останатите се пронајдени облечени и радиоактивни, четири метри под снежниот покривач.

Надлежните утврдиле дека несреќата ја предизвикала „непозната сила“ а кобниот премин го добил името по водачот на групата. Во оваа област со години по несреќата бил забранет пристап.

Мостот Овертоун: Светот на мртвите

Овој мост е изграден во 1859 година во близина на Милтон во Шкотска, а станал познат по цела низа неразјаснети настани. Првите се забележани во 50-тите и 60-тите години од минатиот век, кога кучиња одеднаш скокнувале од мостот во смрт. Во некои случаи тие го преживувале падот но откако ќе закрепнеле повторно го правел истото. Сите скокале од иста страна и исто место. Некои веруваат дека мостот е проколнат и дека тука се сретнуваат светот на живите и светот на мртвите.

Лет 1628 Џепен Ерлајнс: Летечки чинии

Летало на јапонска авиокомпанија сообраќало од Париз кон Токио, кога над источна Алјаска забележале големо летало во облик на диск во чија придружба имало два помали објекти.

Мистериозното леталото го следело авионот околу 50 минути, а екипажот и сите патници во авионот изјавиле дека забежале НЛО.

Чудни звуци во Украина: Небесни труби

Првиот чуден звук е забележан во 2012 година во Украина, а фенеоменот наскоро се појави и на други места во светот. На Јутјуб постојат бројни видео записи, кои сведочат за оваа појава. Луѓе од целиот свет пријавуваат непознати звуци, кои изгледа дека доаѓаат од небото и звучат како силни труби.

Во некои случаи тие се толку гласни што ги активираат алармите на автомобилите како што беше случајот во Германија. Многумина сметаат дека оваа појава ја најавува апокалипсата.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска