(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Од:

Неколку лица беа уапсени откако утринава избувнаа судири меѓу француските фармери и чуварите на Меѓународниот земјоделски саем во Париз, кога активистите на синдикатот на земјоделците ја пробија капијата и влегоа во оградена област додека францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со претставници на синдикатот во близина, известија француските медиуми.

Земјоделците извикуваа и свиркаа внатре во саемот, барајќи од Макрон да поднесе оставка.

Макрон се состана со претставници на синдикатот на фармите и требаше да одржи дебата со фармерите, преработувачите на храна и претставниците на трговскиот синџир на саемот потоа, но таа беше откажана откако синдикатите на фармите рекоа дека нема да се појават, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно