ВИДЕО: Не е точно дека го држиме затворен, Ѓоковиќ може да си замине кога сака, вели австралиската министерка за внатрешни

Од:

Австралиската министерка за внатрешни работи Карен Ендрјус вели дека Новак Ѓоковиќ може да ја напушти Австралија кога сака.

Најдобриот тенисер во светот во моментов се наоѓа во сместувалиште за мигранти и азиланти и таму ќе остане до понеделник за кога се закажано судско рочиште на кое ќе биде донесена одлука по неговата жалаба на решението на австралиската влада да му ја откаже визата.

Министерската Ендрјус утрово во телевизиско интервју рече дека се проверуваат документите на уште двајца тенисери кои влегле во земјата на сличен начин како и Ѓоковиќ.

Таа ги отфрли тврдењата на семејството на Ѓоковиќ дека австралиската влада го држи тенисерот во заробеништво.

„Ѓоковиќ не е затвореник во австралија. Тој може да ја напушти земјата во секој момент, а граничните работници ќе му помогнат ов тоа“ – вели Ендрјус.

На деветкратниот победник на Австралија Опем кој во Мелбурн треба да се бори за рекордната 21. грен-слем титула, австралиската влада му ја поништи визата затоа што немал потврда за вакцниација ниту пак според нив доволно убедли доказ дека поради медицински причини не треба да се вакцинира.

Адвокатите на Ѓоковиќ во суд водат битка за поништување на оваа одлука, а сепак судот го потврди решението, тенисерот ќе биде депортиран.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата