(ВИДЕО) Насилството се шири низ Ирска, полицијата нападната со молотови коктели

Од:

Полициските сили во Северна Ирска беа нападнати за време на насилство кое се прошири во градот Портадаун, на околу 50 километри од Белфаст. Според сведок на Ројтерс, демонстрантите фрлале молотови коктели, камења и други предмети кон полицајците.

Немирите избувнаа претходно оваа недела откако две 14-годишни момчиња беа уапсени и изведени пред суд под обвинение за сексуален напад врз малолетно девојче.

Според Би-Би-Си, обвиненијата им биле прочитани на момчињата преку романски преведувач, а нивниот адвокат рече дека тие ги негираат обвиненијата.

Еден од неколкуте антиимигрантски протести се одржа во Портадаун, каде што властите претходно затворија неколку патишта и распоредија полиција во полна воена опрема, вклучително и оклопни возила.

Регионалниот советник на Демократската унионистичка партија, Пол Фру, изјави за Би-Би-Си дека ситуацијата во Балимена е многу помирна, благодарение на силното полициско присуство и лошото време.

„Се надеваме дека најлошото е зад нас“, рече Фру.

Би можело да ве интересира

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Трагедија во Грција: Мајка ја претепа бремената ќерка, девојката доживеа спонтант абортус

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

33-годишен скопјанец речиси еден месец психички и физички ја малтретирал поранешната девојка