Скопјанец е осомничен за физички напад, силување и закани кон 22-годишна жена

Од:

Полицијата го уапси Е.А. од Скопје кој е осомничен за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена со која претходно се запознал.

– На 5.3.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го уапсија Е.А.(25) од скопско по претходна пријава дека на 23.2.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале, а истата пристигнала од Германија и извршил обљуба, и упатувал закани, а исто така во периодот додека била во неговиот дом не и дозволувал да излезе сама и и го зел нејзиниот мобилен телефон и на 04.03.2026 истата успеала да се јави телефонски на нејзината мајка, истата алармирала во полиција, која пристигнала на посочената адреса и со направена проценка на ризик постапила, извести МВР.

Воедно е известен и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, информира полицијата.

Би можело да ве интересира

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка