Му се закани дека ќе му го убие целото семејство, па му одгриза дел од прстот

Од:

Општинското државно обвинителство во Вараждин поднесе обвинение против 37-годишен хрватски државјанин за кривични дела закана и тешка телесна повреда на штета на 31-годишникот.

Инцидентот се случи во ноември во Вараждин, а кулминира со тоа што повозрасниот му откина дел од прстот на помладиот, објави ДОРХ.

Според обвинението, 37-годишникот е обвинет дека му рече на 31-годишникот дека ќе го убие него и неговото семејство на 19 ноември 2025 година во Вараждин, за време на меѓусебна расправија.

Вербалниот конфликт набрзо ескалираше во физичка пресметка.

По заканите, следувало туркање и борење, при што 37-годишникот со заби го одгриза горниот дел од прстот на 31-годишникот, нанесувајќи му тешка телесна повреда.

Во обвинителниот акт е предложено продолжување на притворот за обвинетиот поради опасност од повторување на кривичното дело, што судот го прифати.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Парижаните го обвинуваат Макрон: Нема храброст да ги запре насилството и грабежите

Горан Наумовски

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он