ВИДЕО: НАСА сними ураган на северниот пол на Сатурн

Од:

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) објави дека истражувачкото летало Касини направило снимка од голем ураган на северниот пол на Сатурн.

На снимката се гледа „супер брз“ ураган со дијаметар и до 2.010 километри со облаци кои на работ достигнуваат брзина од 531 километар на час.

Овој успех на НАСА ќе овозможи решавање на енигмата за светлосните вртежи на Сатурн. Научниците очекуваат дека со истражување на вртежот на Сатурн ќе успеат да ги разоткријат и тајните на ураганите на Земјата.

Вселенскиот брод Касини е лансиран од Кејп Канаверал во 1997 година, а 2004 година пристигна на планетата Сатурн.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американски астронаути се вратија на Земјата по девет месеци минати во вселената

А1он

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината