Напаѓачот кој денеска пукаше во белгискиот град Лијеж убивајќи 3 лица, по што полицијата го застрела е идентификуван како Бењамин Херман (36), а нападот го извел ден откако привремено бил пуштен од затвор, пишуваат белгиските медиуми.
Moment #liège terrorist is shot by police:pic.twitter.com/hpNRDYzTnk
— SourceWatch Éire (@SourceWatchEire) May 29, 2018
Херман издржувал повеќе затворски казни, но не бил познат како радикалист, додека другите затвореници го опишуваат како „насилна личност на маргините“.
Полицијата во моментов истражува дали Херман се радикализирал во затвор, што се случува често.
По денешното пукање во Лијеж, белгискиот Совет за национална безбедност одржа итна седница, а белгиското обвинителство денешното убиство на двајца полицајци и еден случаен минувач го окарактеризираше како терористички инцидент.
Напаѓачот ги нападнал лицата од позади грб со нож, по што го одзел пиштолот од едната од полицајките и потоа ги убил. Тој исто така застрелал и едно момче кое што седело во паркиран автомобил, а потоа се обидел да се сокрие во школо во близина, каде што бил убиен во престрелка со полицијата.
Во инцидентот, ранети се уште неколку полицајци.
Градските власти соопштија дека учениците во школото се безбедни.
Херман бил во затвор за кривично дело поврзано со дрога.
Дел од медиумите шпекулираат дека при нападот Херман извикал „Алаху екбар“ и дека зел жена како заложник, но за тоа нема официјална потврда.