(ВИДЕО) Напаѓач му пукаше на шпански политичар во лице во центарот на Мадрид

Од:

Политичарот Алехандро Видас Квадрас (78) е застрелан во лицето денеска во Мадрид, соопшти полицијата. Поранешниот шеф на шпанската Народна партија во регионот на Каталонија e застрелан во богатата област Саламанка во центарот на Мадрид, пренесува Ројтерс.

Веднаш бил пренесен во болница. Полицијата го опколи местото каде што е пукano.

– Се уште никој не е уапсен, соопшти полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека поранешниот претседател на Шпанската народна партија во Каталонија и основач на екстремно десничарската партија Вокс, Алехандро Видас Куадрас, не е во животна опасност откако денеска во центарот на Мадрид бил застрелан во лицето.

Тој се здобил со прострелна рана во пределот на долната вилица, но е во стабилна состојба и е свесен, пренесува Ел Мундо, повикувајќи се на неименувани извори.

Шпанскиoт политичар бил застрелан од човек на мотор кој носел црн шлем и полицијата се уште трага по него.

Видас Квадрас беше член на Европскиот парламент од 1999 до 2014 година, а беше прв потпретседател на Европскиот парламент од 2004 до 2007 година. Тој беше долгогодишен член на Народната партија, по што помогна во основањето на екстремно десничарската партија Вокс, која подоцна ја напушти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на забава: Има мртви, неколку повредени

Предраг Петровиќ

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Инцидент во Гази Баба, маж пукал со пиштол

Почина жената која пред еден месец беше ранета од тетовец на патарина во Прешево

Орце Костов

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски