ВИДЕО: Напад во Ерусалим, има мртви

Од:

Рано утринава бил извршен напад врз патници кои биле на автопатот на влезот во Ерусалим. Најмалку едно лице загина во нападот, а уште осум се ранети.

Неименуваните напаѓачи, за кои се верува дека се Палестинци, утринава излегле од возило на автопат и почнале да пукаат со автоматско оружје кон автомобилите кои биле заглавени во утринскиот шпиц.

Израелските медиуми јавуваат дека едно лице им подлегнало на повредите на лице место, додека други две се во критична состојба.

Пет лица се префрлени во блиската болница и засега не се знае степенот на нивните повреди.

Полицијата соопшти дека на лице место убила двајца од напаѓачите кои го извршиле овој напад, кој е окарактеризиран како терористички, додека третиот се обидел да побегне и набрзо бил убиен.

На терен се голем број специјалци.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците