ВИДЕО: Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени во протестите на „жолтите елеци“ во Франција

Од:

Најмалку три лица загинаа, а стотина се повредени од 17 ноември кога почнаа протестите на „жолтите елеци“ во Франција против зголемувањето на горивата.

Последни кои се придружија на протестите се вработените во Брзата помош. Францускиот премиер, Едуар Филип, вчера имаше средба со политичките ривали во обид да го намали гневот кај граѓаните по насилните протести и демолирањето низ улиците во Париз.

Вчера учесниците на протестот се обидоа да стигнат до Парламентот, но беа спречени од полицијата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вчера одржа итна седница за безбедност и не ја исклучи можноста од воведување на вонредна состојба во земјата.

Во текот на изминатите денови на протестите се уапсени повеќе од 400 лица. Полицијата викендов одговори со солзавец и водени топови и затвори неколку улици во Париз како и неколку метро станици. Центарот на Париз е демолиран, а на Триумфалната капија се испишани графити против Макрон. „Штетата на портата е проценета на повеќе стотици илјади евра, можеби дури и милион евра“, рече претседателот на Центарот за национални споменици, Филип Белавал.

„Покрај тоа што демонстрантите го уништиле познатиот споменик и национален симбол на Франција со графити, ја уништиле и неговата внатрешност, каде се наоѓаат вредни експонати“, додаде тој.

Протести се одржуваат во повеќе градови во Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано