Најмалку десет лица се повредени денеска во пожар што зафати два танкера со нафта во јужнокорејското пристаниште Услан, соопштија припадници на крајбрежната стража, додавајќи дека пожарот во голем дел е изгаснат.
Како што е наведено во соопштението, до експлозијата дошло на нафтениот танкер Столт Гренланд кој плови под кајманско знаме. На танкерот имало 25 морнари, меѓу кои Руси и Филипинци.
ship catches fire in #Ulsan #SouthKorea #Seoul @tezuma75 pic.twitter.com/OlmIRO6j0o
— Aijaz (@riyanrashad) September 28, 2019
Пожарот се проширил и на другиот танкер Бау Далијан, кој плови под јужнокорејско знаме, а бил закотвен покрај првиот танкер. На него имало 21 лице.
Сите морнати се спасени, но 10 лица, повеќето работници во терминалот, се повредени. Девет лица се државјани на Јужна Кореја, од кои еден е во критична состојба, а еден е од Индија.
9 wounded as result of explosion at tanker Stolt Groenland in Port of Ulsan, Souther Korea. 10 Russian crew members were evacuated safe https://t.co/dmXRgcUCKB #Korea pic.twitter.com/bll6va7g7D
— Liveuamap (@Liveuamap) September 28, 2019
Според официјални лица, пожарот во голем дел е изгаснат и пожарникарите вршат проверка дали има пламен внатре во бродот, додека крајбрежната стража ја истражува причината за пожарот.