ВИДЕО: Најмалку 30 мртви во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија во Газа

Од:

Најмалку 30 лица загинаа во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита во Газа.

Портпаролот на Агенцијата Махмуд Басал изјави дека 12 лица, меѓу кои и жени и деца, загинале во нападот што се случил синоќа нешто пред 21:40 часот по локално време, додека 14 лица се водат како исчезнати и најверојатно заробени под урнатините.

Пред тој инцидент, директорот на Агенцијата Ахмад ал-Кахлут рече дека 18 лица биле убиени во неколку напади, вклучително и напади врз осум училишта во кампот, кои служеле како засолништа за раселените лица.

Израелската армија тврди дека убила десетици милитанти во Џабалија, без да обезбеди никакви докази.

Фотографиите што ги објавија медиумите од тоа подрачје покажаа дека меѓу загинатите има и многу деца.

Во меѓувреме, организацијата Лекари без граници соопшти дека илјадници луѓе се заробени во кампот, додека член на персоналот рече дека луѓето кои се обидувале да заминат биле „застрелани“.

„Никој не смее да влезе ниту да излезе, а секој што се обидува да замине е застрелан“, напиша координаторката на проектот на Лекари без граници, Сара Вилстек на мрежата Х.

Пет работници на „Лекари без граници“ беа заробени во Џабалија, рече таа.

Лекари без граници за Ројтерс изјавија дека најмалку 61 Палестинец биле убиени вчера низ Појасот Газа.

Новинари беа убиени и ранети и во израелската офанзива на северот на Газа, во која, како што пренесува Гардијан, цел биле и болниците, а медиумската компанија Ал Џезира која оваа недела повторно го обвини Израел дека намерно ги нападнал.

Претставници на ОН изразија загриженост дека тековната израелска офанзива и наредбите за евакуација во северниот дел на Газа може да ја нарушат втората фаза од кампањата за вакцинација против детска парализа, која треба да започне следната недела.

Групите за помош го спроведоа првиот круг вакцини минатиот месец, откако во август беше откриено бебе делумно парализирано од вирусот на детска парализа тип два, прв таков случај на територијата во последните 25 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени

ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски