Видео: Чешкиот претседател се сопна под дејство на алкохол

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан, вчера, заедно со останатите високи државни претставници, во Прашкиот замок ја отворија изложбата на церемонијалниот накит и круни кои под големи безбедносни мерки се чуваат во специјални трезори.

Овој настан, кој со големо внимание се очекуваше од Чесите, го „засени“ однесувањето на Земан, кој за време на свечената церемонија неколку пати се сопна, а во еден момент мораше да се потпре на ѕидот.

Видеото со претседателот стана хит на социјалните мрежи и веднаш се појавија шпекулации дека чешкиот претседател, кој не крие дека е љубител на чешката „сливова“ ракија бил пијан на свечената церемонија.

Ова, денеска беше негирано од неговата портпаролка Хана Буријанова, која додаде дека Земан има лесна вироза и дека за време на викендот ќе мирува дома. Останатите политичари присутни на настанот, не сакаа да го коментираат однесувањето на Земан, единствено претседателката на Парламентот, Мирослава Немцова двосмислено изјави:

– Го видов, тоа што го видовте и вие. Заклучокот нека го донесе секој за себе, изјави Немцова. На Интернет се појавија неколку видеа на кои се гледа дека чешкиот претседател „не е во своја кожа“, а се појавија и монтирани шеговити фотографии.

Претходно, Земан присуствуваше на приемот организиран од страна на руската амбасада во Прага, по повод 68-годишнината од крајот на Втората светска војна, па се шпекулира дека токму таму чешкиот претседател се „развеселил“.

Според анкетата на чешката телевизија „Нова“, повеќе од две третини, односно 88 проценти од Чесите сметаат дека причина за несигурното однесување на претседателот Земан е алкохолот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски