Илјадници лица кои живеат во близина на вулканот Агунг на Бали, денеска ги напуштија своите домови поради страв од ерупција, откако вулканот исфрли чад до висина од 700 метри над својот врв.
Вулканот Агунг, кој се наоѓа на речиси 75 километри од главните туристички дестинации Кута и Семињак првпат се активираше по повеќе од 50 години.
Mount Agung volcano on Bali spewed ash and steam today—but volcanologists say the eruption was caused by magma heating water, not the more dangerous eruption of magma itself: https://t.co/9rzurzbPpM pic.twitter.com/JBZedX4Zwc
— ABC News (@ABC) November 21, 2017
Агунг последен пат беше активен во 1963 година, кога вулканот исфрли пепел се до Џакарта, што е одалечена на околу 1.000 километри, а во повеќекратните ерупции што потоа следеа, загинаа речиси 1.600 лица.