Телата на жртвите на трагедијата во либискиот град Дерна морето ги исфрла сторина километри подалеку од градот сведочи жител на градот Торбук кој се наоѓа источно од Дерна.
И жителтие на други приморски места раскажуваа дека морето исфрла теал на жртвите од Дерна во нивните градови.
Бројката на жртви во неверојатната полава што ја предизвика бурата Даниел се искачи на 11.300.
Официјалниот претставник на ОН рече дека и источната и западната влада побарале меѓународна помош и ги координираат напорите за помош на жртвите од поплавите. Меѓународно признатата Влада на национално единство (ГНУ) се наоѓа на запад од земјата во Триполи, а паралелна администрација функционира на исток, вклучувајќи ја и Дерна.
Европската комисија најави испраќање помош од Германија, Романија и Финска за овој приморски град во источна Либија, каде ситуацијата е драматична. Европската унија деблокираше првична помош од 500.000 евра, а Обединетото Кралство најави 1,1 милион евра за задоволување на најитните потреби на Либијците.