(ВИДЕО) Мерил Стрип вриштеше на конвенцијата на демократите: Хилари е нашата прва претседателка!

Од:

Оскаровката Мерил Стрип ја поддржа Хилари Клинтон во трката за претседател на САД.

-Што е потребно за да бидете прва жена во било што? Потребен е силен карактер и емпатија. Хилари Клинтон ќе биде нашата прва претседателка. И таа ќе биде силна претседателка, порача познатата актерка на вториот ден од Конвенцијата на демократите во Филаделфија.

Нејзиниот жесток говор предизвика аплаузи и одобрување на демократите на конвенцијата на која последните денови имаше и непријатни моменти, пред се поради незадоволните поддржувачи на Берни Сандерс, противкандидатот во трката за номинација.

Хилари Клинтон стана првата жена кандидат за претседател на САД во историјата на таа земја, откако на конвенцијата на Деомкратската партија во Филаделфија ја освои официјалната номинација за Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Хилари Клинтон го спореди Трамп со Хитлер: Тој ќе стави крај на демократијата во САД

Актерката Мерил Стрип се разведе од сопругот по 45 години брак

Горан Наумовски

Трамп и неговите адвокати казнети со речиси еден милион долари за тужба против Клинтон

Ана Ололовска

Клинтон: Колку помалку руски војници во Украина толку помалку силувани и убиени жени

Ана Ололовска

Хилари Клинтон нема повторно да се кандидира за претседател на САД

Хилари Клинтон заразена со коронавирусот

Ана Ололовска